Abstract

ОСНОВА: Инцидената на дијабетес тип 2 е во пораст. Во делот на раното откривање потребно е да се најде интервенција која најдобро ќе ја препознае болеста во што порана фаза. Семејниот лекар има иницијален контакт со општата популација и игра клучна улога во превенцијата на хроничните болести. ЦЕЛ: Целта на овој труд е да ги пребара, да ги анализира и да ги прикаже резултатите од пребарувањето објавени трудови поврзани со скрининг за дијабетес тип 2 во примарна здравствена заштита. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Пребарување на истражувања повзани со рано откривање дијабетес тип 2 со клучни зборови: скрининг, дијабетес тип 2, примарна здравствена заштита на Pubmed, Pubmed Central и кохрановата база. РЕЗУЛТАТИ: Достапната литаратура укажува дека скрингот може да е ефективен метод во раното откривање на Дијабетес тип 2 во примарна здравствена заштита. Добри резултати се постигнати доколку се изведува структурирано и стратифицирано кај пациенти со дефиниран ризик. Америчката асоцијација за дијабетес го препорачува опортуниот скрининг кај семејниот лекар во раното откривање и превенција на дијабетес. Како пристап мерењето на гликоза во крв на гладно, HgbA1c или ОГТТ може да се користат во скринингот, но гликоза на во крв на гладно е најпогодна поради тоа што е лесно изводлива, прифатлива за пациентите, ефтина и брза метода. Кај позитивните наоди потребно е да се повтори тестот. ЗАКЛУЧОЦИ: Скрингот за дијабетес тип 2 во примарна заштита е изводлив. Мерењето на гликоза во крв на гладно е најдобар избор кај семејниот лекар. Ефикасноста на скринингот варира зависно од стратегијата која ќе се примени, потребни се повеќе истражувања во насока на дефинирање на најдобрите практики за одредување на ризик групи.

Full Text
Published version (Free)

Talk to us

Join us for a 30 min session where you can share your feedback and ask us any queries you have

Schedule a call