Abstract
Хернијацијата на мочниот меур преку ингвиналниот канал е ретка болест која бара хируршка интервенција. Како резултат на комбинација на слабост на абдоминалниот ѕид и зголемување на интраабдоминалниот притисок се јавува пролапс на мочниот меур во ингвиналниот канал и појава на ингвино-скротална хернија. Оваа појава е многу ретка и често погрешно се дијагностицира. Се јавува почесто кај постари мажи со зголемена телесна тежина и со симптоми на опструкција на дисталните уринарни патишата и уринарни инфекции. Симптомите вообичаено се од благи до умерени, поврзани се со отежнатото мокрење и уринарни инфекции, а доколку оваа состојба навремено не се лекува може да доведе до посериозни здравствени проблеми, па се до бубрежна инсуфициенција. CT со реконструкција во три рамнини е метода на избор во дијагностиката на ингвино-скроталните хернии на мочниот меур. Оваа метода овозможува јасен приказ на хернираниот дел од мочниот меур, а овозможува и детекција на содржината на килната кеса.
Talk to us
Join us for a 30 min session where you can share your feedback and ask us any queries you have
Disclaimer: All third-party content on this website/platform is and will remain the property of their respective owners and is provided on "as is" basis without any warranties, express or implied. Use of third-party content does not indicate any affiliation, sponsorship with or endorsement by them. Any references to third-party content is to identify the corresponding services and shall be considered fair use under The CopyrightLaw.