Abstract

Хипотензивната анестезија е таква анестезиолошка техника при која средниот артериски при- тисок на пациентот се намалува за повеќе од 20% од неговата предоперативна вредност. Мотив: да се спречи појава на хипооксија на мозокот при употреба на хипотензивна анестезиолошка техника кај пациенти подложни на септо/ринопластика. Цели на трудот: да се утвр
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Хипотензивната анестезија е таква анестезиолошка техника при која средниот артериски притисок на пациентот се намалува за повеќе од 20% од неговата предоперативна вредност. Мотив: да се спречи појава на хипооксија на мозокот при употреба на хипотензивна анестезиолошка техника кај пациенти подложни на септо/ринопластика. Цели на трудот: да се утврди просечната вредност на мозочната сатурација кај будни пациенти, да се одреди корелацијата на средниот артериски притисок и мозочната сатурација при умерена хипотензија, и да се анализираат постоперативните несакани ефекти. Материјали и методи: во студијата беа вклучени 20 пациенти, АСА 1, водени со умерена хипотензивна анестезија предизвикана со ремифентанил и севофлуран. Во пет временски интервали (Т1-Т5) се следеа параметрите: MAP, HR, rSO2 и се одреди нивната корелација. Резултати: умерена хипотензија се постигна во Т4 (МАР=69,05±7,09). За просечна базална вредност на мозочната сатурација се утврдија: 73,30 ± 5,44% за левата и 75,30±5,18% за десната мозочна хемисфера. Кривата на мозочната сатурација покажуваше нагорен тренд и пик кој се совпаѓаше со воведот во анестезија, а во понатамошниот тек тенденција кон опаѓање. Се најде слаба до умерена позитивна корелација помеѓу MAP и rSO2 во текот на хипотензивната анестезија, а во целиот тек на мерењето rSO2 беше повисоко од базалната вредност. Заклучок: умерената хипотензија и стабилниот среден артериски притисок придонесуваат за стабилна мозочна сатурација.

Talk to us

Join us for a 30 min session where you can share your feedback and ask us any queries you have

Schedule a call

Disclaimer: All third-party content on this website/platform is and will remain the property of their respective owners and is provided on "as is" basis without any warranties, express or implied. Use of third-party content does not indicate any affiliation, sponsorship with or endorsement by them. Any references to third-party content is to identify the corresponding services and shall be considered fair use under The CopyrightLaw.