Abstract

Спастицитетот на шаката по мозочен удар ги зголемува тешкотиите на болните во секојдневното самозгрижување и ја ограничува ефикасноста на рехабилитацијата. Радијалната екстракорпорална терапија со ударни бранови (РЕКТУБ) е предложена како алтернативен третман за редукција на спастицитетот. Целта на истражувањето беше да се евалуираат ефектите од апликација на РЕКТУБ на спастична шака по мозочен удар. Материјал и методи: Контролирана клиничка студија во која беа вклучени 30 пациенти со спастична шака по мозочен удар, поделени во две групи. Испитуваната група беше третирана со РЕКТУБ (6 третмани секој втор или трет ден) и стандардна рехабилитациона програма. Контролната група беше третирана само со стандарднарехабилитациона програма. За клиничка евалуација беа користени Модифицираната Ашфорт Сакала (МАС) и супскорот за моторно закрепнување од Фугл-Мајер тестот за процена на сензомоторната функција на горен екстремитет и тоа пред третманот, по завршување на 2-та, 6-та и 14-та недела од почетокот на рехабилитацијата. Резултати: Средната вредност на оцената на МАС беше значително намалена кај испитуваната група веднаш по РЕКТУБ. Кај испитуваната група се забележа значително подобрување на скорот за моторно закрепнување на Фугл-Мајертестот. Овие резултати се задржаа 12 недели по третманот. Заклучок: РЕКТУБ го намали спастицитетот на шаката по мозочен удар и доведе до нејзино подобро моторно закрепнување.

Full Text
Published version (Free)

Talk to us

Join us for a 30 min session where you can share your feedback and ask us any queries you have

Schedule a call