Abstract

Во оваа статија се дискутира за полифункционалноста на ајде во македонскиот разговорен јазик. Широката распространетост на оваа турска заемка во усната комуникација на сите балкански јазици ја издига до статус на балканизам. За да ги утврдиме дискурсните функции на честицата ајде во говорните чинови во кои таа се употребува, анализираме примери од два функционални стила: уметничката проза и телефонските разговори. Сакаме да докажеме дека полифункционалноста на ајде се должи на неговата зависност од контекстот: под притисок на комуникациската функција на говорните чинови, првобитното хортативно значење избледува на сметка на прагматичките функции карактеристични за интерперсонални дискурсни маркери. Во директивните чинови што го загрозуваат лицето, ајде се употребува како ублажувач на илокуциската сила на исказот, но во комисивните и во експресивните говорни чинови – таа ја засилува. Оваа функционална контрадикција – засилувачка и ублажувачка функција – може да се објасни со способноста на ајде да оперира во рамките на стратегиите за позитивна учтивост, толку карактеристична за балканските јазици.

Full Text
Published version (Free)

Talk to us

Join us for a 30 min session where you can share your feedback and ask us any queries you have

Schedule a call